Тоа ќе зависи од вашата физичка состојба во моментот кога ќе почнете да пиете јонизирана вода. На пример, ако сте се хранеле здраво и сте го ослободиле вашето тело од токсини, можете да почнете да пиете јонизирана вода со ниво pH 8, па дури и со pH 9. Но, ако некое време сте користеле лекови, или лошо сте се хранеле користејќи „брза храна“, преработена храна или храна која не содржи свежо овошје и зеленчук, можеби би требало да почнете да пиете јонизирана вода од прво ниво. Почнете така што полека во текот на денот ќе испиете две до три чаши алкална вода со ниво 1. Ако не почувствувате некој негативен ефект (главоболка), во текот на 2 – 3 дена, поминете на повисоко ниво (и така до ниво 3 која ќе ја пиете во поголеми количини секојдневно). Колку посилно јонизирана вода пиете, толку е подобро за вас бидејќи водата е поалкална, подетоксификациска и посилен антиоксидант кој на вашето тело му овозможува повеќе кислород, помалку токсини и забавено стареење. Др. Јанг (Young) препорачува количина од најмалку 2 литри алкална јонизирана вода со ниво 3 дневно за возрасни лица, особено оние кои не се занимаваат со некои спортски активности.
Може ли да се претера во алкалноста поради пиењето јонизирана вода?
Луѓето знаат да испијат меѓу 3 и 4 литри јонизирана вода секој ден и имаат голема корист од тоа, а не претеруваат во алкалноста. Всушност спротивно, една од најчестите причини поради која луѓето денес заболуваат е тоа што се сè поизложени на киселините предизвикани од конзумирање на продукти кои делуваат кисело, како и заради дишењето на загаден воздух. pH во нашето тело просечно треба да се движи околу 7.0 (мерено во плунката или урината). Колку сме поизложени на киселини, што значи со pH 6.5 или пониско, толку е поверојатно дека болеста ќе се развива во нас. Ниската pH вредност во телото создава услови и околина погодна за развој на болести како артритис, карцином итн. Можете да забележите дека луѓето кои се многу болни секогаш имаат ниско телесно ниво на pH (не ниво на pH во крвта кое е секогаш стабилно на pH 7.3 до 7.4). Колку се поболни, толку им е пониско телесното pH. Кај болните нивото на pH неретко е околу pH 5, а кај хроничните болни од потешки болести, pH нивото во урината често се случува да биде pH 4.5). Најлошото е што самите болести, понатаму со текот на времето како што се развиваат, ќе создадат такви услови на киселост во нас што уште посилно ќе се развиваат. Накратко, тешко можеме да станеме преалкални. Би требало секогаш да пиеме алкална вода.
Бентен-Пан и Nijhuis Industries преку Партнерство за заеднички настап на здружување на ресурсите овозможуваат ...
Бентен-Пан, со своето долгогодишно искуство во полето на третман на вода и расположливост на технологии и опре...
Бентен-Пан, со гамата на производи на Б-П Филтри, излезе на саемот HFW (Health, Fitness and Wellness) , одржан...