Ваш партнер за здрав, безбеден и безгрижен живот

Решение за одстранување на железо и манган

Железото и манганот се често застапени елементи во подземните води. Тие можат да создадат низа на проблеми во водоводниот систем кој се користи за снабдување со вода за пиење. Рефлектирајки се како дамки на чешмите и санитаријата, дамки на алиштата, наслаги во резервоарите, наслаги во бојлерите и цевките. 

  

Железото е многу застапен елемент на земјината топка, со околу 5% застапеност. Тој е и важна состојка за многу индустрии. Во водата се растворува исто како и другите соединенија, на тој начин што, водата од врнежите, навлегувајќи во порите на земјата, по патот до подземниот резервоар, со себе ги раствара железото и манганот.

Ефекти на Здравјето!

Железото и манганот во водата немаат негативни ефекти врз здравјето на луѓето. Всушност и секојдневното внесување на одредена количина на железо во телото допринесува за подобро здравје. Железото е важна компонента на хемоглобинот, протеин во црвените крвни клетки, кои го транспортираат кислородот низ телото. Манганот е истотака важен елемент во човечкото здравје. Манганот игра важна улога во многу метаболични процеси, како и во растот на коските. Меѓутоа преголема количина на манган, може да предизвика негативни ефекти на нервниот систем.

Естетски, Видливи ефекти, дамки, миризба, железна бактерија!

Во природните води железото ретко се јавува во концентрации над 10mg/L. Концентрациите над 0,3 mg/L, се такви што веќе се приметуваат така што водата добива, црвенкасто-кафена боја. Од гледна точка на потрошувачите, железото и манганот предизвикуваат главен естетски проблем, во водата за пиење. Заради тоа е поставен законски норматив да вода за пиење, не смее да содржи повеќе од 0,3 mg/L железо и 0,05mg/L манган. Проценето е дека заради големата застапеност на овие елементи во почвата, околу 20-30% од подземните води, ги имаат во себе овие елементи, над дозволената концентрација. Изгледот и вкусот на водата, како и готвењето со значително е изменето од овие два елементи. Чаевите и кафињата се посебно осетливи на негативните ефекти од железото. На тој начин што танините од кафето и чајот реагираат со желесото и создаваат црна течност со ужасна миризба. Алиштата, порцеланот и чешмите со текот на времето се обојуваат со црвена, кафејава или црна боја. Дамки кои многу тешко се отстрануваат.

Проблемите со дамките се зголемува со присуство на железните бактерии. Овие бактерии го метаболизираат железото и манганот, оставајки зад себе црвени или жолти лигави израстоци кои дури можат да ги запушат цевките, предизвикуваат непријатна миризба и оставаат видливи дамки на апаратите.

Железните и мангановите наслаги се наталожуваат во цевките, хидропневматските резервоари, бојлерите... Како се зголемува температурата така се зголемуваат и проблемите од раствореното железо во водата:

  • Железен бигор се наталожува во бојлерите, предизвикувајки губење на енергијата и зголемувајки го времето потребно за загревање на водата.
  •  
  • Се создава „црвена вода„ во резервоарите и бојлерите, која истекува со непријатен ефект низ чешмите.
  • Се создаваат наслаги на железо во резервоарот, намалувајки го неговиот волумен и со тек на време предизвикувајки чести активации на пумпата за дополна на резервоарот, со што се скратува и животниот век на пумпата.

 

 

ДЕФЕРИЗАТОРИ - АВТОМАТСКИ И МАНУЕЛНИ СИСТЕМИ

Отстранувањето на железото, манганот и H2S од водата претставува важна задача во прочистувањето на водата, бидејќи тие може да градат нетопливи хидроксиди кои може да ги загрозат виталните делови насистемот за прочистување. Обично горната граница на содржина на железово водата за пиење е 0.3 mg/l, a...

Новости

Водата во одгледувањето Канабис

Бентен-Пан, со своето долгогодишно искуство во полето на третман на вода и расположливост на технологии и опре...


Tимот на Б-П ФИЛТРИ на средба со жителите на Аеродром

  По повод Светскиот ден на водата тимот на Б-П филтри ќе оствари средба со жителите на Аеродором...


Претставување на Б-П Филтри на Саемот HFW 2016

Оваа година Бентен-Пан, со гамата на производи на Б-П Филтри, излезе на саемот HFW (Health, Fitness and Wellne...


  • Комплекс Македонско Село - Нерези
  • Вивакс - Вива Сокови
  • Авицена Лабораторија - Скопје Капиштец
  • Авицена Лабораторија Тетово
  • Van Hool - Фабрика за Автобуси
  • Забна Ординација - Каракамчев