Ваш партнер за здрав, безбеден и безгрижен живот

Решение за одстранување на арсен

Арсенот во природата !

Арсенот е природен елемент застапен во составот на земјата. Во водата доаѓа на разни начини и тоа: преку врнежите, растопувајки се од карпите во кои е составен елемент, преку ерозија на земјиштето, преку земјоделските површини каде се користени препарати за прскање кои најчесто содржат арсен, преку изметот од свињарски и живинарски фарми кои како додаток во храната добиваат количества на арсен за поттик на растот, преку подземите ерупции на лава или топли извори итн.

    

Арсенот и неговата токсичност!

Токсичноста од арсенот е позната уште од древните времиња, кога и разни отрови се спремале, токму од овој елемент. Истотака неговата токсичност се искористувал децении наназад како средство против разни штеточини кои ги напаѓале земјоделските култури. Меѓутоа кога од површината на земјата арсенот стигнал до подземните води, пристигнал кошмарот. Во водата арсенот е прифатлив во концентрации помали од 0,01 mg/L. За ова посликовито да го претставиме тоа е концентрација од 1 грам арсен, растворен во 100.000 литри вода.

Над овие концентрации, арсенот предизвикува сериозни здравствени нарушувања и доведува до тешки заболувања. Многу подрачја во светот се соочуваат со овој проблем, бидејќи почвата и водите се се позаситени со овој елемент.

Здравствените проблеми кај луѓето се многубројни и високоризични. Најчесто се јавуваат кај неразвиените земји и земјите во развој, заради повеќе фактори. Како неинформираноста на населението за водата која ја користат, неинформираноста за последиците од користење вода со арсен, неимплементирањето на современи методи за отстранување на арсенот од водата за пиење.

Отстранување на арсенот од водата!

Современата технологија има решенија за отстранување на арсенот од водата за пиење. Иако цената на овие решенија е висока, истата се оправдува со ефектот. Меѓу пристапите кон решавање на проблемот со арсенот мора да се земат во предвид повеќе фактори, а не само податокот дека го има арсенот во водата. Дизајнот на решенијата потребно е да го прават стручни лица кои се заниваат со таа област, посебно кога се работи за третман на поголеми капацитети и јавни водоводи. Бентен-Пан, во соработка со CWG групацијата има решенија за овој вид на проблеми.

Кога станува збор за индивидуални корисници, кои сакаат индивидуално да се заштитат од арсенот во водата, тука постојат веќе готови системи, реверзно осмозни системи, кои се докажани како решенија против арсенот. Многу е важно освен поставувањето, да се земе предвид и редовното одржување на овие системи, односно редовно да се заменуваат филтрите во системите и да се врши редовна дезинфекција/стерилизација.

Денес, кога постои решение за отстранување на арсенот од водата, зарем би оставиле на случајноста да и во Вашата вода се открие присуство на арсен?

Зар не би се запрашале, што е поважно,

ДА СЕ СПРЕЧИ ИЛИ ДА СЕ ЛЕЧИ?

BP105M - Петостепен Реверзно Осмозен Систем за под садопер

Основен модел Петостепен Реверзно Осмозен Систем со минерален филтер - за под садопер - филтрација 0,0001 микрон - Реверзна Осмоза е најефикасната метода на филтрација во денешницата. 5 фази на прочистување на водата вклучително и минерализацијаоколу 7,9 L вода за пиење на часEcosoft мембрански ел...

Ecosoft - ROBUST - Direct Flow - Реверзно Осмозен Систем

Барате, Реверзно Осмозен Систем со поголем капацитет? Сакате директно прочистена вода од Р.О. системот, без складирање во резервоарот? Имате Кафе Бар или ресторан и сакате Висококвалитетна вода за да ги изненадите Вашите гости со уникатен вкус на кафето и чајот? Коцките мраз, да се без мирис и парта...

МУЛТИМЕДИАЛНИ ФИЛТРИ ФИЛТРИ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА АРСЕН, АМОНИАК

Се формираат повеќе слоеви од различни материјали, кои имаат слични барања за работни параметри, а се во зависност од карактеристиките наводата и желбата на корисникот. На овој начин се штеди време и простор, а се постигнува ефикасен третман во смисла на отстранување на различни материи кои сенепоже...

Реверзно Осмозни Системи за Индустрија

Мембранските сепарациски процеси, особено реверзната осмоза како универзална техника за сепарација, функционирање и концентрирање на органски и неоргански супстанции,  добиваат се поголемо значење и наоѓаат широка примена во хемиското инженерство и  поедини хемиски технологии. За наглата експанзија ...

Новости

Бентен-Пан и Nijhuis Industries - Партнерство за Решенија за Третман на Отпадни Води

Бентен-Пан и Nijhuis Industries преку Партнерство за заеднички настап на здружување на ресурсите овозможуваат ...


Водата во одгледувањето Канабис

Бентен-Пан, со своето долгогодишно искуство во полето на третман на вода и расположливост на технологии и опре...


Претставување на Б-П Филтри на Саемот HFW

Бентен-Пан, со гамата на производи на Б-П Филтри, излезе на саемот HFW (Health, Fitness and Wellness) , одржан...


  • Lactalis MK - Прочистителна Станица за Третман на Вода
  • Комплекс Македонско Село - Нерези
  • Авицена Лаборатории - Тетово и Скопје: Капиштец, Аеродром, Кисела Вода
  • Van Hool - Фабрика за Автобуси
  • Забна Ординација - Каракамчев
  • FX3X - Инсталирање на Диспензери со Вградени Филтри