Водата постојано циркулира во природата. Еден дел од површинската вода испарува и се враќа во форма на врнежи. Поради природната содржина на јаглерод диоксид во атмосферата врнежите стануваат слабо кисели, а со тоа и одличен растворувач. Ваквите врнежи растворуваат супстанции од органско и неорганско потекло и во подлабоките слоеви на земјата. При загревање и поминување на водата низ цевководот минералите присутни во водата (соли на калциум и магнезиум) предизвикуваат таложење на каменецот на ѕидовите на цевките, а со тоа и намалување на дијаметарот на цевките, затнување и намалување на преносот на топлина. Тоа е особено штетно за котлите, болјерите, машините за перење, навлажувачи, апарати за кафе и сл. Таложењето на каменец најефикасно може да се спречи со употреба на омекнувачи на вода кои работат на принципот на јонска размена. Во овие уреди водата поминува низ слој на јонска маса и при тоа на неа се врзуваат јони на Ca и Mg, а нивното место го заземаат јони на Na кои не создаваат талог. Бидејќи после одредена произведена количина омекната вода јонската маса се заситува, потребно е да се регенерира.
VAS типот на омекнувачи ги задоволува сите временски потрошувачки на вода на дневна основа. Ако ни е позната дневната потрошувачка на вода, тогаш сме сигурни дека овој уред ќе произведе доволно омекната вода. Капацитетот на омекнувачот се избира врз основа на потрошувачката на вода на час, за да не ...
VAD типот на омекнувачи задоволува континуирана потошувачка на омекната вода, 24 часа дневно. Квалитетот и постојаноста на овој уред гарантира отстранување на сите проблеми со тврдата вода. Неговата најчеста примена е во системите и подрачјата со поголем и континуиран (0-24 часа) капацитет и потрошу...
Еднократните системи со голем капацитет ги задоволуваат сите временски потрошувачки на вода на дневна основа. Ако ни е позната дневната потрошувачка на вода, тогаш сме сигурни дека овој уред ќе произведе доволно омекната вода.Како и кај останатите еднократни системи капацитетот на омекнувачот се изб...
Омекнувачи со голем капацитет кои ја задоволуваат континуираната потошувачка на омекната вода, 24 часа дневно. Квалитетот и постојаноста на овој уред гарантира отстранување на сите проблеми со тврдата вода. Негова најчеста примена е во системите и подрачјата со поголеми континуиран (0-24 часот) капа...
Бентен-Пан и Nijhuis Industries преку Партнерство за заеднички настап на здружување на ресурсите овозможуваат ...
Бентен-Пан, со своето долгогодишно искуство во полето на третман на вода и расположливост на технологии и опре...
Бентен-Пан, со гамата на производи на Б-П Филтри, излезе на саемот HFW (Health, Fitness and Wellness) , одржан...