Ваш партнер за здрав, безбеден и безгрижен живот

Решенија за одстранување на бактерии

Микробиолошки исправната вода е основен услов за безбедно пиење. Бактерии, вируси и други патогени микроорганизми можат да се појават во вода од бунар, извор, резервоар или стара водоводна инсталација. Затоа дезинфекцијата е завршен чекор во третманот на водата.

Методи на дезинфекција

  • Хемиска дезинфекција: хлор, хлор диоксид, озон и водороден пероксид. Хлорот и хлор диоксидот оставаат остаток во водата, кој ја штити и во цевководот по третманот.
  • Физичка дезинфекција: UV-C зрачење. Не додава хемикалии и не го менува вкусот на водата, но нема остаточно дејство, па се поставува што поблиску до местото на користење.
  • Мембранска филтрација: ултрафилтрација, нанофилтрација и реверзна осмоза ги задржуваат микроорганизмите физички.

Што треба да се земе предвид

Ефектот на дезинфекцијата зависи од бистрината на водата. Матноста, железото, манганот и органските материи ги штитат микроорганизмите и ја намалуваат ефикасноста на хлорот и на UV зрачењето. Затоа дезинфекцијата се поставува по соодветна филтрација. Изборот на метод зависи од микробиолошката и физичко-хемиската анализа на водата, од протокот и од начинот на користење.

Што нудиме

  • UV стерилизатори: од 6 W за вода по реверзна осмоза, до 55 W за цела куќа и 165 W за објекти со поголема потрошувачка.
  • Реверзно осмозни системи за домаќинства.
  • Дозирни пумпи и системи за хлорирање со течен хлор.

Пред да препорачаме метод, ја бараме анализата на вашата вода.

Контактирајте нè за совет и понуда.

BP105M – Петостепен Реверзно Осмозен Систем со Минерализатор

Чиста вода. Чист избор. За вашето семејство. Замислете секоја голтка вода дома да е свежа, чиста и здрава – без шишиња, без грижи. Системот BP105M со реверзна осмоза и минерализатор обезбедува сигурна, природно вкусна вода директно од вашата чешма. Секојдневно. Тивко. Под вашиот садопер. ✔️ Зошто ...

UV стерилизатор 165 W – за индустрија, три UV лампи, до 8.100 л/час

UV стерилизаторот 165 W е наменет за објекти со голема потрошувачка на вода: хотели и ресторани, повеќе куќи на еден бунар, фарми и мали производни погони. Со три UV-C лампи од по 55 W во едно куќиште дезинфицира до 8.100 л/час бистра, претходно филтрирана вода, без хемикалии. Зошто UV стерилизатор...

UV стерилизатор 55 W – за цела куќа, до 2.700 л/час

UV стерилизаторот 55 W е наменет за дезинфекција на водата во цела куќа. Со една UV-C лампа од 55 W дезинфицира до 2.700 л/час бистра, претходно филтрирана вода од бунар, извор или резервоар, без хемикалии. Зошто UV стерилизатор 55 W заштита од бактерии и вируси за целата инсталација во куќата ...

UV стерилизатор 6 W – за вода по реверзна осмоза, до 110 л/час

UV стерилизаторот 6 W ја дезинфицира водата по систем за реверзна осмоза пред да стигне до славината. Компактен е, се монтира под мијалник и ги уништува бактериите и вирусите што може да се развијат во резервоарот или цревата на системот. Зошто UV стерилизатор 6 W дополнителна заштита од микроор...

Дозирна Пумпа 10 бари - 4 литри - VCO1004

Микропроцесорски управувана дозирна пумпа за дозирање на мали/средни концентрации на хемикалии, Протокот за дозирање е одреден преку потенциометар за подесување на број на импулси. Kонстантно дозирање со мозност и за делител на импулси (однос 1:10). Kомплет со арматура за всмукување и арматура за ...

Новости

✅ Успешно реализирани проекти за третман на отпадни води со Nijhuis Industries CE – регионот го следи примерот на иновации

Во последниот период, Бентен-Пан во партнерство со Nijhuis Industries CE, успешно реализираше повеќе клучни пр...


Бентен-Пан и Nijhuis Industries - Партнерство за Решенија за Третман на Отпадни Води

Бентен-Пан и Nijhuis Industries преку Партнерство за заеднички настап на здружување на ресурсите овозможуваат ...


Водата во одгледувањето Канабис

Бентен-Пан, со своето долгогодишно искуство во полето на третман на вода и расположливост на технологии и опре...


  • Соработка со Synlab - Sinevo - Македонија - медицинската прецизност бара висок квалитет на водата
  • 🚗 Авто перална Godi - Вода без Дамки
  • 🧊 Lactalis MK – Прочистителна станица за вода за пиење
  • Комплекс Македонско Село - Нерези
  • 🧪 Медицински лаборатории – Авицена Лаб - Тетово и Скопје: Капиштец, Аеродром, Кисела Вода
  • Решение за механичка филтрација на вода во Van Hool