Водата постојано циркулира во природата. Еден дел од површинската вода испарува и се враќа во форма на врнежи. Поради природната содржина на јаглерод диоксид во атмосферата врнежите стануваат слабо кисели, а со тоа и одличен растворувач. Ваквите врнежи растворуваат супстанции од органско и неорганско потекло и во подлабоките слоеви на земјата. При загревање и поминување на водата низ цевководот минералите присутни во водата (соли на калциум и магнезиум) предизвикуваат таложење на каменецот на ѕидовите на цевките, а со тоа и намалување на дијаметарот на цевките, затнување и намалување на преносот на топлина. Тоа е особено штетно за котлите, болјерите, машините за перење, навлажувачи, апарати за кафе и сл. Таложењето на каменец најефикасно може да се спречи со употреба на омекнувачи на вода кои работат на принципот на јонска размена. Во овие уреди водата поминува низ слој на јонска маса и при тоа на неа се врзуваат јони на Ca и Mg, а нивното место го заземаат јони на Na кои не создаваат талог. Бидејќи после одредена произведена количина омекната вода јонската маса се заситува, потребно е да се регенерира.
Користењето омекната вода во домот, драстично ќе го зголеми векот на траење на апаратите, ќе помогне во заштеда на електрична енергија за затоплување на водата.
Ќе им помогне на детергентите да си ја завршат својата функција и ќе го продолжи векот на алиштата.
Кожата и косата се помеки кога се измиени со мека вода.
ЗАРЕМ ЌЕ ОСТАНЕТЕ РАМНОДУШНИ НА СИТЕ ОВИЕ ПРИДОБИВКИ?
ЧУВСТВУВАЈТЕ СЕ СЛОБОДНИ ДА НЕ ПОБАРАТЕ, ЗАЕДНО ДА ГО ДИМЕНЗИОНИРАМЕ СООДВЕТНИОТ ОМЕКНУВАЧ ЗА ВАШИТЕ ПОТРЕБИ.
КОМПАКТНИТЕ ОМЕКНУВАЧИ СЕ НАЈКУПУВАНАТА ОПЦИЈА НА ОМЕКНУВАЧИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА
Автоматски компактен јонски омекнувач за вода за циклусно снабдување со омекната вода, комплет со автоматска електронска управувачка глава тајмерска или волуметриска со вграден водомер, сад за солен раствор интегриран со самиот омекнувач, усисна гарнитура, интерно поврзан, комплетиран, спремен за уп...
Компактни системи за јонска измена, односно омекнување на вода. Системите во компактна изведба се употребуваат онаму каде што е потребен циклусен проток на омекната вода. Овој тип на омекнувач има широка примена, а најмногу се употребуваат во индустриите, енергетиката, кај мали потрошувачи на во...
Компактни системи за јонска измена, односно омекнување на вода. Системите во компактна изведба се употребуваат онаму каде што е потребен циклусен проток на омекната вода. Овој тип на омекнувач има широка примена, а најмногу се употребуваат во индустриите, енергетиката, кај мали потрошувачи на в...
Clack® DV вентил од САД со дијамантско-јаглеродна обвивкаголем капацитет на сол: до 130 кгВграден вентил за мешањеПропорционална регенерација со нагорен тек за паметна потрошувачкаЕфективна потрошувачка на сол: до 80 грама на литар смола или помалкуЗаштеда на вода: 100 литри за регенерација
Каде е тесен просторот, а е потребно водата да се омекне, SLIM верзијата на компактни омекнувачи е добредодена. Дизајнирани да зафатат најмала површина, во однос на другите модели компактни омекнувачи, а притоа да го задржат капацитетот кој е потребен. Овие модели се со димензии во 3 варијанти, BP-...
Бентен-Пан и Nijhuis Industries преку Партнерство за заеднички настап на здружување на ресурсите овозможуваат ...
Бентен-Пан, со своето долгогодишно искуство во полето на третман на вода и расположливост на технологии и опре...
Бентен-Пан, со гамата на производи на Б-П Филтри, излезе на саемот HFW (Health, Fitness and Wellness) , одржан...