BP_SOFT VAK_25 MAXI Elba е автоматски омекнувач на вода во компактна изведба, производ на Бентен-Пан. Го отстранува бигорот (калциум и магнезиум) и ги штити бојлерите, машините за перење, славините и целата инсталација. Наменет е за куќи и поголеми домаќинства со поголема дневна потрошувачка, каде помалиот модел VAK_10 MINI би регенерирал пречесто.
Водата минува низ притисочна боца исполнета со јонска маса, каде калциумот и магнезиумот, кои создаваат бигор, се заменуваат со натриум. Кога масата ќе се засити, контролниот вентил автоматски ја покренува регенерацијата: солен раствор од вградениот сад ја враќа масата во работна состојба. Капацитетот е 100 m³ × °dH. На пример, при тврдина од 20 °dH омекнувачот дава околу 5.000 литри омекната вода меѓу две регенерации.
Стандардниот вентил RX-65C/DVS нема вграден бајпас: додека трае регенерацијата, омекнувачот не пропушта вода кон потрошувачите. Затоа регенерацијата најчесто се програмира ноќе. Ако ви треба вода без прекин, омекнувачот може да се склопи со контролен вентил RX-79B со вграден бајпас, со доплата од 6.200 денари (100 €) без ДДВ, односно вкупно 62.000 денари (1.000 €) без ДДВ.
Ако имате тесен простор, истиот капацитет го нуди и тесниот модел BP_SOFT VAK_25 Slim (ширина 22,5 cm), по иста цена.
Цената е без ДДВ и важи за изведбата со вентил RX-65C/DVS.
Бесплатна проверка на тврдината на вашата вода во нашите центри: продажниот салон во ТЦ Буњаковец (сутерен, лок. 11) или канцеларијата во Кисела Вода (ул. 14-ти Декември 20/1). Нудиме и монтажа и програмирање, редовен сервис и таблетирана сол за омекнувачи. Контакт: +389 75 304 403, sales@b-p.com.mk.
Таблетираната сол Salinen Austria е високочиста вакуумска сол за регенерација на јонските омекнувачи на вода. Се раствора рамномерно, не остава талог и го штити омекнувачот од затнување, што е важно за неговата ефикасност и долг век. Зошто оваа сол Вакуумска сол со најмалку 99,9% NaCl Рамномерн...
10" BigBlue Куќиште за филтер со приклучок на 1" или 3/4“ цевка ПРИМЕНА: како филтер со голем проток, самостоен или во комбинација со други, филтер за куќи, и местa каде има потреба од поголема количина на вода
20" BigBlue Куќиште за филтер со приклучок на 1", комплет со држач за на ѕид и клуч за отварање. ПРИМЕНА: како филтер со голем проток, самостоен или во комбинација со други, филтер за куќи, и места каде има потреба од поголема количина на вода
20" SlimLine Куќиште за филтер со приклучок на 3/4" цевка ПРИМЕНА: како пред филтер, самостоен филтер за Бојлери, Машини за перење, на влез на довод и други
Прозирното 10" куќиште Ecosoft со приклучок 1" служи како предфилтер за отстранување на механички нечистотии до 5 микрони од ладна вода. Наменето е за домови и единечни уреди, како бојлери и машини за перење. Зошто овој производ Задржува механички нечистотии до 5 микрони. Прозирното куќиште ово...
Прозирното 10" куќиште Ecosoft со приклучок 3/4" служи како предфилтер за отстранување на механички нечистотии до 5 микрони од ладна вода. Наменето е за домови и единечни уреди, како бојлери и машини за перење. Зошто овој производ Задржува механички нечистотии до 5 микрони. Прозирното куќиште о...
Во последниот период, Бентен-Пан во партнерство со Nijhuis Industries CE, успешно реализираше повеќе клучни пр...
Бентен-Пан и Nijhuis Industries преку Партнерство за заеднички настап на здружување на ресурсите овозможуваат ...
Бентен-Пан, со своето долгогодишно искуство во полето на третман на вода и расположливост на технологии и опре...