Менаџментот на една од светски најпознатите Македонски софтверски компании, на своите вработени за водата за пиење им понуди опција на снабдување со Диспензери со галони и Диспензери со вградени филтри. Најнапред проектот почна со вградување на 1 диспензер со вградени филтри, да после 1 година се прошири на 6 Диспензери со вградени филтри. Со овој чекор задоволни се и вработените, бидејки имаат свежа вода во секое време и менаџментот бидејки на крајот на годината трошоците за снабдување вода направија заштеда од околу 5.000,00 ЕУР. Во наредните години заштедата ќе биде околу 7000,00-9.000,00, бидејќи трошок ќе биде само промената на филтрите во диспензерот.
Механичка Филтрација и Омекнување на водата за перење на стаклата пред да се стават на прозори. Системот функционира од 2010 година.
Подоцна во 2017 година, со набавка на нова пософистицирана машина за автоматско перење на стакла, се јави потеба од повисок квалитет на водата за потребите на автоматско перење на повеќесезонските стакла. Заради добрата измината соработка, менаџментот на Torax , директно не вклучи во комуникација со испорачателот на машината и согласно неговите барања се обезбеди опрема која успешно ја Деминерализира водата, преку систем на Реверзна Осмоза, со соодветен предтретман, како и филтрација на водата која се рециркулира во процесите на перење.
Веќе стаклата се перат со врвен квалитет и така вградени, се намалени рекламациите кај нашиот клиент Torax, за фабрички флеки кај стаклата, на минимално ниво.
Соработката продолжува на задоволувачко ниво од двете страни, да опремата која е инсталирана од наша страна е секогаш во добра кондиција...
Инсталација и сервис на Реверзно Осмозен Систем за прочистување на водата за пиење.
- Инсталација на Нов омекнувач кој го снабдува целиот хотел со омекната вода за потребите на бојлерите,
- Инсталација на нов CWG компактен омекнувач на вода за потребите на машина за миење садови во кујната на хотелот.
Инсталирање на систем за прочистување на вода за потребите на лабораторијата, до ниво на ултрачиста вода со спроводливост <1 MikroSiemens
Бентен-Пан и Nijhuis Industries преку Партнерство за заеднички настап на здружување на ресурсите овозможуваат ...
Бентен-Пан, со своето долгогодишно искуство во полето на третман на вода и расположливост на технологии и опре...
Бентен-Пан, со гамата на производи на Б-П Филтри, излезе на саемот HFW (Health, Fitness and Wellness) , одржан...