Ваш партнер за здрав, безбеден и безгрижен живот

PC - CHV2010ECO - Пост јагленов in-line филтер

  • Шифра: 20405
  • Бренд: Ecosoft ltd
  • Цена: 610,00 денари

Ecosoft Carbon Post Filter за Reverse Osmosis системи
Дали водата од вашиот reverse osmosis филтер има ист свеж вкус како кога системот бил нов?

Со текот на времето, последната фаза на филтрација – post carbon филтерот – се заситува и повеќе не може целосно да го подобрува вкусот и мирисот на водата.

Ecosoft Carbon Post Filter е дизајниран за финална обработка на ладна вода во системите за обратна осмоза (RO), со цел да обезбеди чиста, свежа и пријатна вода за пиење.

Зошто е важен пост-карбонскиот филтер?
Овој филтер е последниот чекор пред водата да дојде до вашата чаша. Тој:

✔ го подобрува вкусот на водата
✔ ги отстранува преостанатите мириси
✔ апсорбира органски соединенија кои можат да влијаат на квалитетот
✔ обезбедува вода со природен и освежувачки вкус

👉 Резултатот? Почиста и повкусна вода за пиење секој ден.

Може да се користи и како филтер за фрижидер
Покрај употребата во reverse osmosis системи, Ecosoft Carbon Post Filter може да се користи и како самостоен inline филтер за фрижидери со приклучок за вода.

Филтерот се поставува директно на водоводната линија која води до фрижидерот и помага:

✔ да се подобри вкусот на водата и мразот
✔ да се намалат мирисите од водата
✔ да се добие почиста вода за автоматските системи за мраз

Благодарение на стандардниот ¼" приклучок, филтерот е компатибилен со голем број фрижидери со надворешен довод на вода.

Колку често треба да се менува?
За да се одржи висок квалитет на водата, се препорачува замена на филтерот на секои 6 месеци (како самостоен) или 12 месеци (во склоп на Р.О. системите), без разлика на количината на филтрирана вода. 

Редовната замена обезбедува:

стабилен квалитет на водата
подобар вкус
правилно функционирање на системот

 

Ако забележите промена во вкусот на водата од вашиот RO систем или од фрижидерот, најчесто тоа е знак дека пост-карбонскиот филтер треба да се замени.

 

П.С: Во случај да забележите предвремена миризба од самиот Р.О. систем, пред да се промени филтерот направете или нарачајте детална проверка за откривање на шричината за миризбата и истата да биде отклонета.

Големина: 2" x 10"
Висина: 270 mm
Максимален надворешен дијаметар: 55 mm
Максимален работен век: 6 месеци
Температура на вода: +3°C до +43°C
Тип на приклучок: ¼"

Новости

✅ Успешно реализирани проекти за третман на отпадни води со Nijhuis Industries CE – регионот го следи примерот на иновации

Во последниот период, Бентен-Пан во партнерство со Nijhuis Industries CE, успешно реализираше повеќе клучни пр...


Бентен-Пан и Nijhuis Industries - Партнерство за Решенија за Третман на Отпадни Води

Бентен-Пан и Nijhuis Industries преку Партнерство за заеднички настап на здружување на ресурсите овозможуваат ...


Водата во одгледувањето Канабис

Бентен-Пан, со своето долгогодишно искуство во полето на третман на вода и расположливост на технологии и опре...


  • Соработка со Synlab Македонија - медицинска прецизност бара висок квалитет на водата
  • 🚗 Авто перална Godi - Вода без Дамки
  • 🧊 Lactalis MK – Прочистителна станица за вода за пиење
  • Комплекс Македонско Село - Нерези
  • 🧪 Медицински лаборатории – Авицена Лаб - Тетово и Скопје: Капиштец, Аеродром, Кисела Вода
  • Решение за механичка филтрација на вода во Van Hool