Ваш партнер за здрав, безбеден и безгрижен живот

Референци

Lactalis MK - Прочистителна Станица за Третман на Вода

Разбирајќи дека питката вода е се поредок ресурс, за кој се повеќе има потреба индустријата и населението, менаџментот на компанијата Lactalis MK, донесе одлука да со своја активност го намали оптеретувањето на водоводниот систем за питка вода, од кој се снабдува околното население и градот и како еден голем потрошувач одлучи да инвестира во прочистителна станица за третман на вода до ниво на вода за пиење. Бентен-Пан, го дизајнираше, инсталираше и пушти во работа решението, кое вклучува Автоматски Самоперливи филтри за Механичка Филтрација, Со Активен Јаглен, УВ стерилизација и автоматско Пропорционално Хлорирање и Пратење на концентрацијата на Хлор во водата.

Со овој алтернативен извор на питка вода, освен што компанијата прави големи заштеди на трошоците, таа истотака го олабавува оптеретениот водоводен систем за потребите на домаќинствата.

Комплекс Македонско Село - Нерези

За потребите на комплексот Македонско село во Нерези, се воочи потреба од дополнителна заштита на водата која е за примена во кујните и собите. Тимот на Тинекс МТ, во комуникација со Бентен-Пан, увидоа дека со инсталирање на опрема за филтрација и стерилизација на водата, ќе се подобри квалитетот на водата во комплексот. За таа цел Бентен-Пан, беше повикан итно непосредно пред отварањето на комплексот да изврши испорака и инсталирање на опремата, со што истата се испорача и постави во бараниот рок. Филтри за отстранување механички честички и УВ стерилизатори, со капацитет 5м3/час., распоредени на 4 крака од селото.

Авицена Лаборатории - Тетово и Скопје: Капиштец, Аеродром, Кисела Вода

Лабораториите имаат потреба од ултрачиста ДеМи вода. Сервисниот тим од Авицена, во соработка со Бентен-Пан, ги опремија и надградија лабораториите со опрема за добивање на таква вода, освен што се прочистува на самиот крај истата се прати на ОнЛине инструмент, кој навремено ги известува лаборантите за симтомите на влошување на квалитетот на водата со цел да се избегнат грешки во аналилизите предизвикана од лош квалитет на водата. 

Тимот на Авицена и тимот на Бентен-Пан, се грижат линијата за третман на водата да бидат во добра кондиција, преку редовно менување на потрошните материјали и редовни сервиси на опремата...

Квалитетот е загарантиран на обострано задоволство...

Van Hool - Фабрика за Автобуси

Соочувајќи се со проблем од повремено заматување на водата, како и чести дефекти на апаратите, чешмите, електричните сензори на писуарите, Van Hool постави Механички Филтри со голем капацитет на одредени точки кои вршат механичка филтрација на водата до 5 микрони.

Забна Ординација - Каракамчев

Тврдата вода во Скопскиот регион им прави големи проблеми на турбините во Забните Столови. Ординацијата на др. Каракамчев во консултација со Бентен-Пан, уште во 2008 година инсталираше Реверзно Осмозен систем со двојна намена.

На еден извод, преку дополнителен филтер водата од Р.О. системот се филтрира и се користи за забните машини, а на друг извод, преку минерализатор на чешмичка е водата за пиење и приготвување вкусно кафе и чај за вработените и пациентите.

Со редовно одржување на системот за вода, се продолжи векот на забниот стол и задоволството кај вработените.

Новости

Бентен-Пан и Nijhuis Industries - Партнерство за Решенија за Третман на Отпадни Води

Бентен-Пан и Nijhuis Industries преку Партнерство за заеднички настап на здружување на ресурсите овозможуваат ...


Водата во одгледувањето Канабис

Бентен-Пан, со своето долгогодишно искуство во полето на третман на вода и расположливост на технологии и опре...


Претставување на Б-П Филтри на Саемот HFW

Бентен-Пан, со гамата на производи на Б-П Филтри, излезе на саемот HFW (Health, Fitness and Wellness) , одржан...


  • Lactalis MK - Прочистителна Станица за Третман на Вода
  • Комплекс Македонско Село - Нерези
  • Авицена Лаборатории - Тетово и Скопје: Капиштец, Аеродром, Кисела Вода
  • Van Hool - Фабрика за Автобуси
  • Забна Ординација - Каракамчев
  • FX3X - Инсталирање на Диспензери со Вградени Филтри