Ваш партнер за здрав, безбеден и безгрижен живот

Зошто третманот на вода е клучен за ефикасна работа на парните котли?

Во индустриските системи, парниот котел е срцето на производството.

Но, голем број компании сè уште се соочуваат со сериозни проблеми како бигор, корозија, зголемена потрошувачка на енергија, дефекти и неочекувани дефекти и застои.

Во најголем дел од случаите, причината е несоодветен третман на водата.

Квалитетот на feed water директно влијае врз ефикасноста, сигурноста и животниот век на парниот котел. Затоа современите индустриски системи користат третман на водата предложен од експерти за третман. Најчесто третманот опфаќа: омекнување на вода или реверзна осмоза (RO) но и прецизно дозирање на хемикалии за да обезбедат стабилна и економична работа на системот.


Најчести проблеми кај парните котли


1. Формирање бигор и наслаги
Тврдата вода содржи калциум, магнезиум и други минерали кои при загревање создаваат наслаги на внатрешните површини на котелот. Овие наслаги значително го намалуваат преносот на топлина и ја зголемуваат потрошувачката на гориво. Дури и тенок слој бигор може да предизвика сериозни енергетски загуби, прегревање на цевките па дури и механички оштетувања на опремата. Кај некои бојлери доколку овој симптом се игнорира подолго време може да дојде до блокада на котелот, па дури и до експлозија.

2. Корозија на системот
Ниска pH, растворениот кислород и јаглерод диоксид во водата предизвикуваат корозија на металните површини, цевководите и разменувачите на топлина. Корозијатасо тек на времето доведува до оштетувања, протекувања и скапи ремонти.

3. Зголемени трошоци за енергија
Кога котелот работи со нетретирана вода, ефикасноста на системот опаѓа и во поглед на искористување на енергијата. Наслагите ја намалуваат топлинската размена, што значи дека системот троши повеќе енергија за да произведе иста количина пареа. Дефектите од корозија, како дупки во разводот на пареа, ја трошат директно енергијата и пареата.

4. Чести застои и сервисирања
Наталожениот талог, пена и нечистотии во бојлерската вода можат да предизвикаат чести дефекти, нестабилен притисок и прекин на производството. Ова резултира со непланирани застои и зголемени оперативни трошоци. Сериозни компании, сериозно го сваќаат третманот на котловската вода.


Решение: Бентен-Пан, со професионален третман на вода за парни котли

Во нашата палета на производи имаме понуда од системи за третман и make-up на котловската вода.: 

Омекнување на вода

Омекнувањето претставува првиот и најважен чекор во заштитата на парните котли. Со помош на јонските омекнувачи, калциумот и магнезиумот се заменуваат со натриум, со што се спречува создавање бигор.

Предности од омекнување на вода:
 - Намалување на бигор и наслаги
 - Подобрен пренос на топлина
 - Намалена потрошувачка на енергија
 - Подолг работен век на котелот
 - Помалку дефекти и сервисирања
 - Компаниите кои користат омекната вода добиваат постабилна работа на системот и значително пониски трошоци за одржување. 


Реверзна осмоза

Реверзната осмоза е една од најефикасните технологии за прочистување на boiler feed water. RO мембраните отстрануваат до 98–99% од растворените соли, силика, органски материи и тешки метали. Заради нејзината ниска содржина на растворени материи во водата, искористливоста на водата е поголема и со тоа и заштедата во однос на хемикалии е поголема.

Главни придобивки од RO системите:
 - Значително намалување на dissolved solids
- Намалување на blowdown процесите
- Намалена потрошувачка на хемикалии
- Подобра енергетска ефикасност
- Подолг животен век на котелот и опремата
- Висок квалитет на пареа

Современите индустриски постројки сè почесто инвестираат во RO системи затоа што овозможуваат пониски оперативни трошоци и стабилна работа на котлите. 


Дозирање на хемикалии

Дури и со омекнување и RO третман, хемиската подготовка на водата останува критичен дел од процесот.

Во влезната вода (feed water) најчесто се додаваат хемикалии кои во себе содржат некои од следните компоненти:

 - Oxygen scavengers за елиминација на кислород
 - Anti-scalant хемикалии против бигор
 - Dispersants за контрола на талог
 - pH коректори
 - Антикорозивни инхибитори

Со правилно дозирање и пратење на клучните параметри во водата, се обезбедува стабилна хемија на водата која овозможува максимална заштита на системот.

Придобивките кои ги нуди хемискиот третман се следниве:

 - Намалување на корозија
 - Контрола на pH вредност
 - Подобра стабилност на системот
 - Намалување на талог и пена
 - Подобрена сигурност на котелот

Зошто е важен правилниот третман на вода?

Како заклучок на сето ова, компаниите кои инвестираат во професионален третман на вода за парни котли добиваат:

 - Пониски трошоци за енергија
 - Помалку дефекти и застои
 - Подолг век на котелската опрема
 - Подобра продуктивност
 - Намалени трошоци за сервисирање
 - Поголема сигурност на производниот процес
 - Нетретираната вода може да предизвика сериозни проблеми во индустриските системи, додека правилно третираната вода претставува инвестиција што директно влијае врз профитабилноста на компанијата.


Инвестирајте во сигурна и ефикасна работа на вашиот парен котел


Современите индустриски системи бараат стабилност, ефикасност и минимални застои. Со правилен третман на водата омекнување, реверзна осмоза и професионален хемиски третман, вашиот парен котел работи поефикасно, побезбедно и со значително пониски трошоци.

Доколку сакате оптимални перформанси, подолг век на опремата и намалување на оперативните трошоци, професионалниот третман на вода не е трошок туку паметна инвестиција.

 

Контактирајте не за повеќе информации и понуда. 

Бентен-Пан, Скопје.

Новости

✅ Успешно реализирани проекти за третман на отпадни води со Nijhuis Industries CE – регионот го следи примерот на иновации

Во последниот период, Бентен-Пан во партнерство со Nijhuis Industries CE, успешно реализираше повеќе клучни пр...


Бентен-Пан и Nijhuis Industries - Партнерство за Решенија за Третман на Отпадни Води

Бентен-Пан и Nijhuis Industries преку Партнерство за заеднички настап на здружување на ресурсите овозможуваат ...


Водата во одгледувањето Канабис

Бентен-Пан, со своето долгогодишно искуство во полето на третман на вода и расположливост на технологии и опре...


  • Соработка со Synlab - Sinevo - Македонија - медицинската прецизност бара висок квалитет на водата
  • 🚗 Авто перална Godi - Вода без Дамки
  • 🧊 Lactalis MK – Прочистителна станица за вода за пиење
  • Комплекс Македонско Село - Нерези
  • 🧪 Медицински лаборатории – Авицена Лаб - Тетово и Скопје: Капиштец, Аеродром, Кисела Вода
  • Решение за механичка филтрација на вода во Van Hool