ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕЗБЕДЕН И БЕЗГРИЖЕН ЖИВОТ

Топка за Гасење Пожар

Апаратот во облик на топка е апарат за гасење пожар.

Едноставно, се фрла во оган и во рок од 3 секунди го гасне оганот и сите пропратни хемикалии.

Кога се случува пожарот во просторија каде што нема никој, топката сама се активира кога доаѓа во контакт со оган и дава гласен звук како противпожарен аларм. Поради ваквата фукција погоден е да се стави на места склони на пожар или со потенцијал дека можеби би се предизвикало пожар.

Не постои посебна обука или вештина кои би биле потребни  за да функционира овој апарат. Исто така не е потребна инспекциска и одржувачка контрола на овој апарат во наредните 5 години .

 

Зошто противпожарна топка?

Дали знаете дека 90 % од луѓето не знаат да користат противпожарен апарат?

Дали сакате и Вие да бидете дел од оние кои имаат апарат за гаснење на пожар, но сепак да не знаете како да го користите во реална ситуација ?

Го земате апаратот и не знаете што треба да правите со него?

  Непректичен е и тежок за употреба, па не можете реално да ја процените оддалеченоста до местото на пожарот.

  Потребно е да се приближите блиску до оганот, а со тоа да ги вдишувате сите хемикалии и чад.

 Оганот се доближува кон Вас и од паника заборавате како да го користите апаратот.

 

За надминувње на овој проблем Ви ја препорачуваме Противпожарната Топка

 

 Тежи нешто помалку од 1,5 кг

 

  Лесно за употреба: Само фрлете го во оган или монтирајте го на места со висок ризик на оган.

Безбедно !

-          Направен од еколошки материјал не-токсичен за околината и луѓето.

-          Надворешната движечка сила не им штети на луѓето и животната средина.

Како да ја користите ТОПКАТА ПРОТИВ ПОЖАР ?

 

   

Активно користење  - Фрлање на топката во оган. Кога настанува пожарот се зема топката и се фрла во оганот. Топката природно паѓа онаму каде пламенот е најизразен, во рок од 3 секунди се активира и го гасне пожарот. Нема потреба да се приближувате блиску до оганот или пак да поседувате посебни вештини за да ја користите оваа топка.

 

     

 

Пасивно користење -  Една од големите придобивки на оваа топка е што таа може да се активира сама кога доаѓа во контакт со оган. Доколку топката е поставена во високо-ризични простории кои имаат потенцијал од чести пожари таа ќе се активира тогаш кога ќе се постигне определена температура во просторијата и ќе го изгасне оганот.

Инсталација

1.          

Може да ја инсталирате/монтирате на секоја видна површина и онаму каде што вие сакате, пример: на маса, на полица, блиску до вашиот кревет и слично.

 

2.        

Топката е најпогодно да се инсталира/монтира во простории високо-ризични од пожар, како што се кујна, електрични прекинувачи или во близина на камини, магацини, бензински пумпи.

 

 

3.      

Оваа топка е наоѓа примена дури и во сите превозни средства.