Ваш партнер за здрав, безбеден и безгрижен живот

ЗА БЕНТЕН ПАН

Бентен-Пан, ДОО Скопје е компанија која егзистира од април 2005 год, успешно се шири на Македонскиот пазар и кај клиентите остава впечаток на задоволство, доверба и сигурност за понатамошна соработка во секој од нејзините сектори. 

Трите главни сектори на компанијата се:

 - Сектор за Производство, Трговија, Сервис и Одржување на Системи за Третман на Вода - Б-П Филтри

 - Сектор за Инсталација, Трговија, Сервис и Одржување на , Системи за Техничко Обезбедување - Б-П аларм

 - Сектор за Инсталација, Трговија, Сервис и Одржување на , Електрични инсталации за големи корисници 

Менаџментот на компанијата е сочинет од г-дин Игор Пандилов и г-дин Сашо Пандилов.


Во рамките на работењето Бентен-Пан е компанија организирана на следниот начин.

Продажно-изложбен салон, во ТЦ Буњаковец, сутерен лок.11 со работно време 10:00 - 18:00, Администрација, Менаџмент, Сервис и софтвер во канцеларии на ул. 14-ти Декември 20/1, во близина на домот за слепи лица во Кисела Вода во Скопје. Магацинот е на истата локација како и Канцелариите на простор од околу 300м2. Инсталатери и сервисери за системи за прочистување на вода, внатрешни и неколку надворешни обучени лица. Инсталатери за системи за видео надзор и техничка заштита раководени од тим лидер електоринженер со лиценца за техничко обезбедување и искусни лиценцирани електротехничари. Инсталатери за електрика раководена од електро инженер со соодветни лиценци и искусни електричари со помошници, помлади електротехничари. Сите луѓе во компанијата се со постојано вработување и се дел од тимот на Бентен-Пан.

Бентен-Пан, на своите вработени им обезбедува, континуирана обука за работењето во соодветната област, користејки ги последните трендови во индустријата и со тоа на своите клиенти им овозможува пристап до моменталните решенија во сите области, нудејки

Професионалност, Доверба и Сигурност.

Новости

Претставување на Б-П Филтри на Саемот HFW 2016

Оваа година Бентен-Пан, со гамата на производи на Б-П Филтри, излезе на саемот HFW (Health, Fitness and Wellne...


НОВО - ФИЛТРИ БОКАЛИ

НОВО ВО БЕНТЕН-ПАН, ФИЛТРИ ЗА ВОДА. ФИЛТРИ БОКАЛИ - НАЈЕДНОСТАВНИОТ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО КВАЛИТЕТНА...


Бентен Пан на саемот за Градежништво 2016

Тимот на Бентен-Пан, со задоволство најавува дека во периодот од 01-05 март со свој штанд ќе учествува на саем...


  • Комплекс Македонско Село - Нерези
  • Вивакс - Вива Сокови
  • Авицена Лабораторија - Скопје Капиштец
  • Авицена Лабораторија Тетово
  • Van Hool - Фабрика за Автобуси
  • Забна Ординација - Каракамчев