Ваш партнер за здрав, безбеден и безгрижен живот

Омекнување на вода

Водата постојано циркулира во природата. Еден дел од површинската вода испарува и се враќа во форма на врнежи. Поради природната содржина на јаглерод диоксид во атмосферата врнежите стануваат слабо кисели, а со тоа и одличен растворувач. Ваквите врнежи растворуваат супстанции од органско и неорганско потекло и во подлабоките слоеви на земјата. При загревање и поминување на водата низ цевководот минералите присутни во водата (соли на калциум и магнезиум) предизвикуваат таложење на каменецот на ѕидовите на цевките, а со тоа и намалување на дијаметарот на цевките, затнување и намалување на преносот на топлина. Тоа е особено штетно за котлите, болјерите, машините за перење, навлажувачи, апарати за кафе и сл. Таложењето на каменец најефикасно може да се спречи со употреба на омекнувачи на вода кои работат на принципот на јонска размена. Во овие уреди водата поминува низ слој на јонска маса и при тоа на неа се врзуваат јони на Ca и Mg, а нивното место го заземаат јони на Na кои не создаваат талог. Бидејќи после одредена произведена количина омекната вода јонската маса се заситува, потребно е да се регенерира.

 

Користењето омекната вода во домот, драстично ќе го зголеми векот на траење на апаратите, ќе помогне во заштеда на електрична енергија за затоплување на водата.

Ќе им помогне на детергентите да си ја завршат својата функција и ќе го продолжи векот на алиштата.

Кожата и косата се помеки кога се измиени со мека вода.

ЗАРЕМ ЌЕ ОСТАНЕТЕ РАМНОДУШНИ НА СИТЕ ОВИЕ ПРИДОБИВКИ?

ЧУВСТВУВАЈТЕ СЕ СЛОБОДНИ ДА НЕ  ПОБАРАТЕ, ЗАЕДНО ДА ГО ДИМЕНЗИОНИРАМЕ СООДВЕТНИОТ ОМЕКНУВАЧ ЗА ВАШИТЕ ПОТРЕБИ.

CWG_SOFT/ VAK_04 - Автоматски компактен јонски омекнувач за вода

Автоматски компактен јонски омекнувач за вода за циклусно снабдување со омекната вода, комплет со автоматска електронска управувачка глава тајмерска или волуметриска со вграден водомер, сад за солен раствор интегриран со самиот омекнувач, усисна гарнитура, интерно поврзан, комплетиран, спремен за уп...

BP_SOFT/ VAK_10 MINI Автоматски Компактен јонски омекнувач за вода

Компактни системи за јонска измена, односно омекнување на вода. Системите во компактна изведба се употребуваат онаму каде што е потребен циклусен проток на омекната вода.  Овој тип на омекнувач има широка примена, а најмногу се употребуваат во индустриите,  енергетиката, кај мали потрошувачи на во...

BP_SOFT/ VAK_25 MAXI Автоматски Компактен јонски омекнувач за вода

Компактни системи за јонска измена, односно омекнување на вода. Системите во компактна изведба се употребуваат онаму каде што е потребен циклусен проток на омекната вода.   Овој тип на омекнувач има широка примена, а најмногу се употребуваат во индустриите,  енергетиката, кај мали потрошувачи на в...

BP-SOFT/VAS_хх-RX92 Автоматски Симплеx омекнувачи за вода

Симплекс BP-SOFT/VAS_xx-RX92 системи за јонска измена, односно омекнување на вода. Системите во симплекс изведба се употребуваат онаму каде што е потребен циклусен проток на омекната вода.   Овој тип на омекнувачи имаат широка примена, а најмногу се употребуваат во индустриите,  енергетиката, кај ...

CWG_SOFT/ VAS_xx - FLECK 5600SXT - Автоматски CWG Симплеx омекнувачи за вода

Автоматски CWG Единечен омекнувачи за вода, за циклусно снабдување со омекната вода, комплет со автоматска електронска управувачка глава тип: Pentair Fleck 5600SXT со вграден водомер, сад за солен раствор, усисна гарнитура, интерно поврзан, комплетиран, спремен за употреба

CWG_SOFT/ VAD_02-0F Автоматски CWG Дуплекс омекнувач за вода

Автоматски CWG Дуплекс омекнувач за вода, за 24 часовно, непрекинато снабдување со омекната вода, комплет со автоматска електронска управувачка глава тип: Pentair Fleck 9100SXT со вграден водомер, сад за солен раствор, усисна гарнитура, интерно поврзан, комплетиран, спремен за употреба.

CWG_SOFT/ VAD_03-0F Автоматски CWG Дуплекс омекнувач за вода

Автоматски CWG Дуплекс омекнувач за вода, за 24 часовно, непрекинато снабдување со омекната вода, комплет со автоматска електронска управувачка глава тип: Pentair Fleck 9100SXT со вграден водомер, сад за солен раствор, усисна гарнитура, интерно поврзан, комплетиран, спремен за употреба.

CWG_SOFT/ VAD_04-0F Автоматски CWG Дуплекс омекнувач за вода

Автоматски CWG Дуплекс омекнувач за вода, за 24 часовно, непрекинато снабдување со омекната вода, комплет со автоматска електронска управувачка глава тип: Pentair Fleck 9100SXT со вграден водомер, сад за солен раствор, усисна гарнитура, интерно поврзан, комплетиран, спремен за употреба.

Новости

Бентен-Пан и Nijhuis Industries - Партнерство за Решенија за Третман на Отпадни Води

Бентен-Пан и Nijhuis Industries преку Партнерство за заеднички настап на здружување на ресурсите овозможуваат ...


Водата во одгледувањето Канабис

Бентен-Пан, со своето долгогодишно искуство во полето на третман на вода и расположливост на технологии и опре...


Претставување на Б-П Филтри на Саемот HFW

Бентен-Пан, со гамата на производи на Б-П Филтри, излезе на саемот HFW (Health, Fitness and Wellness) , одржан...


  • Lactalis MK - Прочистителна Станица за Третман на Вода
  • Комплекс Македонско Село - Нерези
  • Вивакс - Вива Сокови
  • Авицена Лабораторија - Скопје Капиштец
  • Авицена Лабораторија Тетово
  • Van Hool - Фабрика за Автобуси