Ваш партнер за здрав, безбеден и безгрижен живот

Поврзаноста на рН и реверзна осмоза

 

Клиентите понекогаш поставуваат прашања во врска со водата, бидејќи тие ги слушаат информациите кои се прикажуваат во секојдневната комуникација со своите пријатели. Честопати тие информации се делумно точни или пак целосно погрешни.

Водата што е произведена од страна на правилно функционирање на системот за  реверзна осмоза е една од најчистите води на располагање, но често RO корисниците се прашуваат дали и оваа вода е "кисела", со ниска pH вредност. Неутрална pH е дефинирана како рН 7,00, но R.O. водата обично покажува pH помеѓу 5.00 и 6.00.

Дадената pH скала (прикажана на сликата) е као Рихтеровата скала за земјотреси, логаритамски прикажана, што значи дека водата со pH 5,00  е за 100 пати покисела од водата со pH 7,00. Секако дека оваа разлика е драстична, меѓутоа со уникатните својства на RO водата, нема место за паника.

Најпрво, да започнеме што е тоа pH. pH вредност е мерка за активитетот на водородните јони (H+) во раствор, а со тоа и нивната киселост или алкалност. Некои супстанции, каде што има повеќе водородни јони служат за намалување на pH во растворот и тие се сметаат киселини. Други супстанции, каде што се повеќе хидроксидни јони служат за зголемување на pH во растворот. Тоа се нарекува база.

Постојат многу киселини и бази кои влијаат на pH вредноста. Но, за да биде појасно ќе се фокусираме само на водородните јони и хидроксидните јони. Кога има повеќе водородни јони одколку хидроксидни јони тогаш pH вредноста е помала од 7,00. Меѓутоа кога хидрксидните јони преовладуваат повеќе од водородните јони, тогаш pH вредноста е поголема од 7,00.

Водата како што знаеме е претставена со хемиската формула H2O. Доколку можеме да ги видиме сите молекули, во чаша вода,  ќе забележиме дека водените молекули не остануваат приврзани како H2O туку тие постојано се движат и комбинираат. Што би значело доколку H2O се раздели на два дела H+ и OH-, тие повторно ќе се спојат. Во чаша вода постојат газилиони водени молекули кои се разделуваат и повторно се спојуваат кон првобитното. Доколку таа вода е доста чиста RO, без никакви супстанци тогаш pH е неутрално.

Бидејќи само молекулите H20 се наоѓаат таму, бројот на H+ и OH- е ист. Не би можело да има повеќе H во однос на OH или пак обратно со што кислеината на H би била “ откажана ” од алкалноста на OH. Овој биланс меѓу водородните јони и хидроксините јони го прави решението неутрално. Така, многу чистата вода е неутрална, бидејќи не содржи супстанции кои би ја нарушиле рамнотежата помеѓу H и OH.

Зошто тогаш RO чистата вода има ниска pH? Големата чистина придонесува и кон поголема чувствителност при додавање на други супстанци. Технички гледано, RO има мал или воопштно нема баферен pH капацитет. Тоа би значело дека и додавање на минимално количество кислени би имало големо влијание врз pH вредноста.

Да дадеме еден едноставен пример. Во просторија е човек со врзани очи на кој му било кажно да ја подигне раката кога ќе го слушне плачот на бебето. Доколку во собата е тивко, без други “загадувачи” тогаш тој без проблем би го слушнал плачот на бебето. Но доколку во собата има големо јато галеби плус градежни работници со дупчалки, хеви метал бенд од 80-тите, како и други  работи кои предизвикуваат бучава, а притоа бебето почнува да плаче, тој нема да биде во можност да го слушне.

Празна, мирна соба е како RO вода. Доколку се додаде само мало количество на киселини (бебе што плаче), промената би била лесно видлива. Соба која е бучна е како вода од чешма со големо количество на  соли и киселини и други работи кои се наоѓаат во водата.

Практично, нетретирана вода содржи хемикалии кои делуваат како “амортизeри”. Кога се додава Н+ во типична вода од чешма тогаш многу веројатно тој може да се “фати” со некои “амортизeри” и да се комбинира. Потоа со додавање на Н+ , рН вредноста не се менува драстично бидејќи количеството на слободен Н+ што лебди се изедначува со слободното количество на ОН-.

Но бидејќи реверзната осмоза ги отстранува огромното количество на хемикалии, кога мало количество на Н+ е додадено , ја размрдува рамнотежата меѓу слободното Н+ и слобондното ОН- . Мембраните на  реверзна осмоза не отстрануваат гасови како што е јаглерод диоксидот во водата. Исто така кога RО водата ќе биде изложена на воздух мало количество од јаглерод диоксид ќе почне да се раствора во водата. Значи RO водата ги отстранува киселините и хемикалиите.

Повторно, доколку сте во можност да ги видите молекулите на водата тоа што ќе се случи е следново :

Јаглерод диоксидот се комбинира со  некои од ОН- во вода. (Јаглеродниот Диоксид во водата се претвора во Јаглеводородна киселина) Тоа би значело дека количеството на Н+ би било релативно поголемо бидејќи некои ОН- се комбинирале со јаглерод диоксид. Кога има повеќе Н+ во однос на ОН- како што претходно дефиниравме погоре тогаш се зголемува  киселинското ниво, па затоа и RO има pH пониско од неутралното.

Имајќи ниска рН во RO водата не треба да ги стави под знак прашалник киселините кои се на многу ниско ниво. Со цел да се донесе RO водата до неутрално ниво треба да се додаде само мала количина на база. На пример, доколки имаме чаша вода со рН вредност 5,00 и доколку додадеме многу малку сода бикарбона (која е база) тогаш таа би неутрализирала мало количество киселост во водата.

За оние кои се загрижени за ниската рН во водата сепак не би ги советувале на секоја чаша вода да додаваат сода бикарбона. Моментот кога човекот пие вода таа се комбинира со плуканката, што момент потоа оди во желудникот па во стомакот. Тогаш ниската рН вредност на RO водата  ќе престане да биде исклучително чиста (поради плунката и храната...) и така веќе нема да ги има уникатните карактеристики. Потоа, рН вредноста во стомакот на здрав човек е 2, што претсавува силна киселина. Како водата патува до стомакот таа станува се покисела.

Несомнено киселината е важна за човековото здравје. Без киселина човековото тело не би можело да ја вари храната и да ги убива бактериите. Единствен начин на кој RO водата може да наштети е доколку човек пие енормно количество на вода и не јаде ништо. Во спротивен случај RO водата нема никаков негативен ефект.

 

Соджината ја превзмавме и преведовме, оргиналниот текст може да го погледнете на следниов линк:

http://www.puretap.com/ph.htm

Новости

Бентен-Пан и Nijhuis Industries - Партнерство за Решенија за Третман на Отпадни Води

Бентен-Пан и Nijhuis Industries преку Партнерство за заеднички настап на здружување на ресурсите овозможуваат ...


Водата во одгледувањето Канабис

Бентен-Пан, со своето долгогодишно искуство во полето на третман на вода и расположливост на технологии и опре...


Претставување на Б-П Филтри на Саемот HFW

Бентен-Пан, со гамата на производи на Б-П Филтри, излезе на саемот HFW (Health, Fitness and Wellness) , одржан...


  • Lactalis MK - Прочистителна Станица за Третман на Вода
  • Комплекс Македонско Село - Нерези
  • Авицена Лаборатории - Тетово и Скопје: Капиштец, Аеродром, Кисела Вода
  • Van Hool - Фабрика за Автобуси
  • Забна Ординација - Каракамчев
  • FX3X - Инсталирање на Диспензери со Вградени Филтри