Ваш партнер за здрав, безбеден и безгрижен живот

ЗА БЕНТЕН ПАН

Бентен-Пан, ДОО Скопје е компанија која егзистира од април 2005 год, успешно се шири на Македонскиот пазар и кај клиентите остава впечаток на задоволство, доверба и сигурност за понатамошна соработка во секој од нејзините сектори. 

Трите главни сектори на компанијата се:

 - Сектор за Производство, Трговија, Сервис и Одржување на Системи за Третман на Вода - Б-П Филтри

 - Сектор за Инсталација, Трговија, Сервис и Одржување на , Системи за Техничко Обезбедување - Б-П аларм

 - Сектор за Инсталација, Трговија, Сервис и Одржување на , Електрични инсталации за големи корисници 

Менаџментот на компанијата е сочинет од г-дин Игор Пандилов и г-дин Сашо Пандилов.


Во рамките на работењето Бентен-Пан е компанија организирана на следниот начин.

Продажно-изложбен салон, #1 во ТЦ Буњаковец, сутерен лок.11 со работно време 10:00 - 18:00,  #2 Администрација, Менаџмент, Сервис и софтвер во канцеларии на ул. 14-ти Декември 20/1, во близина на домот за слепи лица во Кисела Вода во Скопје. Магацинот е на истата локација како и Канцелариите на простор од околу 300м2. Инсталатери и сервисери за системи за прочистување на вода, внатрешни и неколку надворешни обучени лица. Инсталатери за системи за видео надзор и техничка заштита раководени од тим лидер електоринженер со лиценца за техничко обезбедување и искусни лиценцирани електротехничари. Инсталатери за електрика раководена од електро инженер со соодветни лиценци и искусни електричари со помошници, помлади електротехничари. Сите луѓе во компанијата се со постојано вработување и се дел од тимот на Бентен-Пан.

Бентен-Пан, на своите вработени им обезбедува, континуирана обука за работењето во соодветната област, користејки ги последните трендови во индустријата и со тоа на своите клиенти им овозможува пристап до моменталните решенија во сите области, нудејки

Професионалност, Доверба и Сигурност.

РЕШЕНИЈА

Бентен пан ви нуди широка палета на решенија за филтрирање на водата. Решенијата се прилагодливи во зависност од типот на водата и мже да се аплицираат во домаќинства, но и во големи индустриски капацитети.

Новости