Ваш партнер за здрав, безбеден и безгрижен живот

Домашна употреба

Водата дома може да има различни проблеми: тврдина и бигор, железо и мирис, бактерии (посебно кај бунари) или вкус кој не ви одговара. Решението се бира според анализата на водата и според тоа за што ја користите.

Тврда вода и бигор

Водата е тврда кога содржи многу калциум и магнезиум. Тврдата вода не е здравствен ризик, но остава наслаги во цевките, бојлерот и машините, ја намалува ефектот на сапунот и детергентите и остава дамки на плочки и стакла.

Најсигурното решение е јонски омекнувач. Тој го заменува калциумот и магнезиумот со натриум и ја штити целата инсталација: чешми, када, кујна, бојлер, машина за перење и за садови, апарат за кафе. Магнетите и сличните уреди не ги отстрануваат калциумот и магнезиумот, а ефектот им е ограничен на местото каде се поставени.

Зошто да ја третирате водата:

  1. Заштеда на трошоци (енергија, одржување).
  2. Заштеда на детергенти.
  3. Заштеда на време за чистење.
  4. Заштита на уредите.

Вода за пиење

Реверзната осмоза под садопер дава вода за пиење и готвење со намалена содржина на соли и загадувачи. Омекнатата вода содржи повеќе натриум, па за пиење препорачуваме посебна RO славина.

Бунар и проблематична вода

За вода од бунар се користат деферизатори (железо, манган), филтри со активен јаглен, филтри за матност и UV стерилизатори за дезинфекција. Прво се прави анализа.

Погледнете ја нашата понуда: Филтри и системи за домаќинства.

Новости

✅ Успешно реализирани проекти за третман на отпадни води со Nijhuis Industries CE – регионот го следи примерот на иновации

Во последниот период, Бентен-Пан во партнерство со Nijhuis Industries CE, успешно реализираше повеќе клучни пр...


Бентен-Пан и Nijhuis Industries - Партнерство за Решенија за Третман на Отпадни Води

Бентен-Пан и Nijhuis Industries преку Партнерство за заеднички настап на здружување на ресурсите овозможуваат ...


Водата во одгледувањето Канабис

Бентен-Пан, со своето долгогодишно искуство во полето на третман на вода и расположливост на технологии и опре...


  • Соработка со Synlab - Sinevo - Македонија - медицинската прецизност бара висок квалитет на водата
  • 🚗 Авто перална Godi - Вода без Дамки
  • 🧊 Lactalis MK – Прочистителна станица за вода за пиење
  • Комплекс Македонско Село - Нерези
  • 🧪 Медицински лаборатории – Авицена Лаб - Тетово и Скопје: Капиштец, Аеродром, Кисела Вода
  • Решение за механичка филтрација на вода во Van Hool