Ваш партнер за здрав, безбеден и безгрижен живот

Бентен Пан се грижи и за најмладите

Одржан едукативен час на тема Вода, во O.У. Круме Кепески, Кисела Вода. Благодарност до педагогот и учителките на II-3 одделение кои ни дадоа можност да бидеме дел од нивната програма.

На ден 23.03.2017 фирмата Бентен-Пан  го посети училиштето Круме Кепески II-3 oдделение и заедно одржавме час на кој дикутиравме и учевме на тема „ВОДА“.

Видно расположени учениците не пречекаа со топло добредојде, а учителките и педагогот се погрижиа Ние да се чувствуваме пријатно пред  таблата.

Го започнавме воведното предавање и поставивме неколку прашања.

Почнувајќи од што е вода? Па се до тоа, каде ја има и за што ја користиме? Децата несебично ги споделуваа своите одговори а идеите за следна тема на разговор се нижеа сами по себе.

 

Поттикнати од наставата, размислуваа, дискутираа, и така добивавме искрени одговори кои ги запишувавме на таблата, а тие постојано креваа рака да додадат нешто, нешто од кое и ние возрасните можеме да научиме.

 

Малите паметни дечиња, со наша помош низ бура на идеи и решенија го одведоа разговорот во насока на тоа дека водата треба да се штеди. Потоа заедно образложивме зошто е тоа важно? Па повторно јато од идеи во еден глас кажуваа како да ја штедиме водата.

Бистрите умови внимателно го слушаа предавањето и концентацијата беше на ниво во текот на целиот час.

Тоа ни даде знак дека иако се мали сепак знаат кога и како да се вклучат и да се активираат со своите идеи. Затоа продолживме на тема загадена вода.

 

Сосема свесни за тоа дека водата може да се загади тие го открија главниот виновник за тоа - ЧОВЕКОТ. 

 

Детскиот пријатен дух не стивнуваше па тие мудри деца упатија и порака до возрасните, поучувајќи ги со нивните идеи како, да не ја загадуваат водата, но дека и тие самите преку игра можат да допринесат за прочистување на водата.

 

Неколкупати истакнаа дека водата за нив е живот, а таа искреност  и безброј идеи  лесно ги доведе до универзалната цел: ЧИСТА ВОДА.

Иако една од дејностите на нашата компанија Бентен-Пан, е третман на вода, на овој час бевме воздржани и фитрите беа исклучени од темата.

Свесни дека они се предвесници  на иднината децата заклучија дека за нивната цел да биде реално остварена, треба сите активно да се вклучат во зачувувањето и штедењето на водата.

Полека се наближи крајот на часот, па благодарно со аплауз не поздравија кој на нас е најдрагоцениот подарок од ова наше дружење.

А ние, Ние имаме да кажеме само дека сме горди што иднината останува на волку активни, бистри и совесни деца.

И можеби овој убав ден немаше да заврши вака доколку во се ова не беа вклучени учителките Валентина Цветановска и Ирена Павловска како и педагогот Магдалена Чоревска.

 

Среќни сме и Благодарни што споделивме знаење и позитивна енергија.

Новости

Бентен-Пан и Nijhuis Industries - Партнерство за Решенија за Третман на Отпадни Води

Бентен-Пан и Nijhuis Industries преку Партнерство за заеднички настап на здружување на ресурсите овозможуваат ...


Водата во одгледувањето Канабис

Бентен-Пан, со своето долгогодишно искуство во полето на третман на вода и расположливост на технологии и опре...


Претставување на Б-П Филтри на Саемот HFW

Бентен-Пан, со гамата на производи на Б-П Филтри, излезе на саемот HFW (Health, Fitness and Wellness) , одржан...


  • Lactalis MK - Прочистителна Станица за Третман на Вода
  • Комплекс Македонско Село - Нерези
  • Вивакс - Вива Сокови
  • Авицена Лабораторија - Скопје Капиштец
  • Авицена Лабораторија Тетово
  • Van Hool - Фабрика за Автобуси