Ваш партнер за здрав, безбеден и безгрижен живот

Водата и нејзината улога во одгледувањето Канабис

1.    Водата како потребен услов за живот на канабисот

 

Покрај добриот избор за оптимален распоред на расад, планот за осветлување, дизајнот на климатските контролери истотака и водата е од витално значење за раст и развој на канабисот.

 

Водата освен што помага при фотосинтеза таа ја одржува, внатрешната температура на растението и што е најважно, ги транспортира сите потребни хранливи материи од почвата до коренот.

 

За да се добие Префинет, Премиум производ од медицински канабис потребно е во целиот процес да бидат вклучени чисти инпути, а посебно внимание да се посвети на водата.

 

Чистата вода е многу тешко да се најде во природата, а континуирано наводнување со вода која не е соодветна може да предизвика контаминација на самата почва и длабоко вкоренети проблеми кои може да бидат штетни за целиот расад и драстично да ги намалат очекуваните приноси.

Затоа третманот на водата и правилното наводнување на канабис треба да се разгледа како сериозно прашање кај одгледувањето на канабисот.

 

2.    ТDS и Ph во водата, како фактори кои влијаат на растот.

 

За да се исполнат барањата за брзо созревање и високи приноси за производство на канабис, водата која се користи мора да задоволи строги параметри тестирани од доверливи извори.

 

Во суштина постојат два типа на вода:

-        Високо-минерална вода

-        Ниско-минерална вода

 

Имено, разликата помеѓу високо-минералната и ниско-минералната вода не може да се воочи со око, па затоа оваа класификација се базира на минералите што ги содржат. Минералите во водата може да се измерат со направа наречена ТДС мерач која го мери нивото на растворени материи во водата. TDS мерачот мери со мерна единица 1 mg / Л загадувач = 1 ppm.

 

Високо Минералната вода е онаа вода која има високо ниво на минерали. Доминантно оваа вода содржи високо ниво на карбонати на калциум и магнезиум, како и некои метали кои се растворени од почвата. Според поставената мерна единица општоприфатено е TDS со вредност 400-500 mg / литар е тврда вода. Ваквата содржина на вода може да ја блокира апсорпцијата на хранливи материи во растението.

 Наспроти високоминралната, нискоминералната вода содржи помалку минерали. Според скалата на TDS на водата тоа би значело ТДС помалку од 150 mg / литар. 

За дополнителни информации околу тоа, која вода е идеална за одгледувањето на канабисот, контактирајте ги нашите стручни лица на 075231102 или на маил filtri@b-p.com.mk 

Дополнително, постојат и два други фактори кои треба да се земат предвид при ефикасно наводнување на канабисот:

-        PH вредноста не треба да биде повисока од 6,5

-        Водата треба да биде без бактерии (бидејќи бактериите имаат многу штетен ефект врз канабисот).

 

Главна причина за контрола на снабдувањето со вода е да се ограничат сите патогени кои се пренесуваат преку вода, како што се бактерии и вируси, ова не е нималку лесна задача и затоа е потребно посериозен и посеопфатен, предтретман и пост третман на водата.

 

 

3.    Ефекти и ризици од водата во цветна фаза

 

На канабис растенијата им треба изобилство од вода, посебно кога се наоѓаат во цветната фаза. Како општо правило растенијата никогаш не треба да бидат  лишени од вода во било која фаза на нивниот животен циклус, бидејќи ова може сериозно да го забави или да го запре растотот во целост.

Меѓутоа не е доволно растенијата само да се наводнуваат туку е многу важно со каква вода се наводнуваат. Водата која не е третирана може да предизвика катастрофални последици врз растението.

Тврдата вода може да доведе до гниење на коренот, појава на сива мувла и прашкаста мувла, токсичност на хранливите матери и целосно уништување на растението. Ова доведува корените на растенијата канабис да не бидат во состојба да ги пренесуваат хранливите материи и воедно да ги обработуваат со што се прави блокада која води кон изгубен производ.

Ваквите штети многу тешко се корегираат и чинат многу време и ресурси.

Иако калциумот и магнезиумот се неопходни за раст на растенијата, молекулите на калциумкарбонатот и магнезиумкарбонатот ( кој доминира во почвата и во тврдата вода и се најчесто присутни во водата која не е третирана), се премногу големи за потенцијалот на  коренот на канабисот да се апсорбираат ефикасно.

 

Добриот третман на вода, функционално решен према квалитетот на бунарската вода, преку соодветна опрема прилагоден на потребите на растенијата, а воедно прифатен во Светски рамки.

Тоа би значело дека повеќе нема сомнеж да инвестицијата во еден ваков систем е неопходна и исплатлива, а бенефитите на линиите за третман на Бентен-Пан, во комбинација со додавањето на нутриенти во третираната вода се:

-        Автоматски управуван систем

-        Отстранување на сите бактерии и вируси

-        Намалување на TDS

-        Балансирано pH

-        Непречен раст на растението

-        Добивање големи пупки богати со ТХЦ

 

За дополнителни информации за решенија за плантажи на канабисот, контактирајте ги нашите стручни лица на 075231102 или на маил filtri@b-p.com.mk

Новости

Водата во одгледувањето Канабис

Бентен-Пан, со своето долгогодишно искуство во полето на третман на вода и расположливост на технологии и опре...


Новитет - Mi Air Purifier 2 - Прочистувач на воздух

Задоволство ни е да Ве известиме дека Бентен Пан ја проширува својата палета на производи со нешто сосема ново...


Бентен Пан се грижи и за најмладите

Одржан едукативен час на тема Вода, во O.У. Круме Кепески, Кисела Вода. Благодарност до педагогот и учителките...


  • Комплекс Македонско Село - Нерези
  • Вивакс - Вива Сокови
  • Авицена Лабораторија - Скопје Капиштец
  • Авицена Лабораторија Тетово
  • Van Hool - Фабрика за Автобуси
  • Забна Ординација - Каракамчев