Одржан едукативен час на тема Вода, во O.У. Круме Кепески, Кисела Вода. Благодарност до педагогот и учителките на II-3 одделение кои ни дадоа можност да бидеме дел од нивната програма.
На ден 23.03.2017 фирмата Бентен-Пан го посети училиштето Круме Кепески II-3 oдделение и заедно одржавме час на кој дикутиравме и учевме на тема „ВОДА“.
Видно расположени учениците не пречекаа со топло добредојде, а учителките и педагогот се погрижиа Ние да се чувствуваме пријатно пред таблата.
Го започнавме воведното предавање и поставивме неколку прашања.
Почнувајќи од што е вода? Па се до тоа, каде ја има и за што ја користиме? Децата несебично ги споделуваа своите одговори а идеите за следна тема на разговор се нижеа сами по себе.
Поттикнати од наставата, размислуваа, дискутираа, и така добивавме искрени одговори кои ги запишувавме на таблата, а тие постојано креваа рака да додадат нешто, нешто од кое и ние возрасните можеме да научиме.
Малите паметни дечиња, со наша помош низ бура на идеи и решенија го одведоа разговорот во насока на тоа дека водата треба да се штеди. Потоа заедно образложивме зошто е тоа важно? Па повторно јато од идеи во еден глас кажуваа како да ја штедиме водата.
Бистрите умови внимателно го слушаа предавањето и концентацијата беше на ниво во текот на целиот час.
Тоа ни даде знак дека иако се мали сепак знаат кога и како да се вклучат и да се активираат со своите идеи. Затоа продолживме на тема загадена вода.
Сосема свесни за тоа дека водата може да се загади тие го открија главниот виновник за тоа - ЧОВЕКОТ.
Детскиот пријатен дух не стивнуваше па тие мудри деца упатија и порака до возрасните, поучувајќи ги со нивните идеи како, да не ја загадуваат водата, но дека и тие самите преку игра можат да допринесат за прочистување на водата.
Неколкупати истакнаа дека водата за нив е живот, а таа искреност и безброј идеи лесно ги доведе до универзалната цел: ЧИСТА ВОДА.
Иако една од дејностите на нашата компанија Бентен-Пан, е третман на вода, на овој час бевме воздржани и фитрите беа исклучени од темата.
Свесни дека они се предвесници на иднината децата заклучија дека за нивната цел да биде реално остварена, треба сите активно да се вклучат во зачувувањето и штедењето на водата.
Полека се наближи крајот на часот, па благодарно со аплауз не поздравија кој на нас е најдрагоцениот подарок од ова наше дружење.
А ние, Ние имаме да кажеме само дека сме горди што иднината останува на волку активни, бистри и совесни деца.
И можеби овој убав ден немаше да заврши вака доколку во се ова не беа вклучени учителките Валентина Цветановска и Ирена Павловска како и педагогот Магдалена Чоревска.
Среќни сме и Благодарни што споделивме знаење и позитивна енергија.
Бентен-Пан и Nijhuis Industries преку Партнерство за заеднички настап на здружување на ресурсите овозможуваат ...
Бентен-Пан, со своето долгогодишно искуство во полето на третман на вода и расположливост на технологии и опре...
Бентен-Пан, со гамата на производи на Б-П Филтри, излезе на саемот HFW (Health, Fitness and Wellness) , одржан...