Ваш партнер за здрав, безбеден и безгрижен живот

Референци

Van Hool - Фабрика за Автобуси

Соочувајќи се со проблем од повремено заматување на водата, како и чести дефекти на апаратите, чешмите, електричните сензори на писуарите, Van Hool постави Механички Филтри со голем капацитет на одредени точки кои вршат механичка филтрација на водата до 5 микрони.

Забна Ординација - Каракамчев

Тврдата вода во Скопскиот регион им прави големи проблеми на турбините во Забните Столови. Ординацијата на др. Каракамчев во консултација со Бентен-Пан, уште во 2008 година инсталираше Реверзно Осмозен систем со двојна намена.

На еден извод, преку дополнителен филтер водата од Р.О. системот се филтрира и се користи за забните машини, а на друг извод, преку минерализатор на чешмичка е водата за пиење и приготвување вкусно кафе и чај за вработените и пациентите.

Со редовно одржување на системот за вода, се продолжи векот на забниот стол и задоволството кај вработените.

FX3X - Инсталирање на Диспензери со Вградени Филтри

Менаџментот на една од светски најпознатите Македонски софтверски компании, на своите вработени за водата за пиење им понуди опција на снабдување со Диспензери со галони и Диспензери со вградени филтри. Најнапред проектот почна со вградување на 1 диспензер со вградени филтри, да после 1 година се прошири на 6 Диспензери со вградени филтри. Со овој чекор задоволни се и вработените, бидејки имаат свежа вода во секое време и менаџментот бидејки на крајот на годината трошоците за снабдување вода направија заштеда од околу 5.000,00 ЕУР. Во наредните години заштедата ќе биде околу 7000,00-9.000,00, бидејќи трошок ќе биде само промената на филтрите во диспензерот.

Torax - Погон за перење стакла

Механичка Филтрација и Омекнување на водата за перење на стаклата пред да се стават на прозори. Системот функционира од 2010 година.

Подоцна во 2017 година, со набавка на нова пософистицирана машина за автоматско перење на стакла, се јави потеба од повисок квалитет на водата за потребите на автоматско перење на повеќесезонските стакла. Заради добрата измината соработка, менаџментот на Torax , директно не вклучи во комуникација со испорачателот на машината и согласно неговите барања се обезбеди опрема која успешно ја Деминерализира водата, преку систем на Реверзна Осмоза, со соодветен предтретман, како и филтрација на водата која се рециркулира во процесите на перење.

Веќе стаклата се перат со врвен квалитет и така вградени, се намалени рекламациите кај нашиот клиент Torax, за фабрички флеки кај стаклата, на минимално ниво.

Соработката продолжува на задоволувачко ниво од двете страни, да опремата која е инсталирана од наша страна е секогаш во добра кондиција...

 

QSI International School of Skopje

Инсталација и сервис на Реверзно Осмозен Систем за прочистување на водата за пиење.

Новости